Пендаровски: Прочистување на судството, но и на политичарите

Facebook
Twitter
Email
Print

По три ипол години од револуцијата каде главен слоган беше „нема правда, нема мир“, малкумина се убедени дека правдата пристигнa, рече претседателот Стево Пендаровски во првото новогодишно обраќање пред пратениците од Собранието.

 

„Во редица судски процеси не видовме завршница. Некои од најголемите правни случаи застареа на очиглед на сите нас, а креаторот на режимот избега и од правдата, и од државата. При тоа, ниедна институција не кажа јавно како такво нешто воопшто беше возможно. Врв на лошите состојби во правосудниот систем беше т.н. афера Рекет, во која меѓу обвинетите за тешки кривични дела се најде и првата личност на институцијата која беше имено формирана со единствена цел, да ги гони криминалците“, рече Пендаровски.

 

Пендаровски забележа што 30 години сме држава, а ниту еден обвинет политичар, моќник, преку ноќ збогатен бизнисмен, не е во затвор. Рече дека само сиромашните завршуваат зад решетки, дури и за багателни дела.

 

„Еден факт не зборува добро за отпорноста на нашиот правосуден систем од надворешни влијанија – безмалку три децении сме независна држава, а, ниту еден висок политичар или преку ноќ збогатен бизнисмен нема завршено зад решетки, а таму требаше да завршат многу повеќе од еден. Општа е перцепцијата кај граѓаните дека само сиромашните, и луѓето на маргини, без релација со некоја власт, одговараат дури и за багателни кривични дела. Затоа и не треба да нè чуди што голем дел од младите луѓе ги воспитуваат т.н. реални шоуа, а нивните идоли не се чесните луѓе ‒ домаќини, со образ и личен интегритет, туку типови од криминалниот полусвет“, порача Пендаровски.

Тој на следната власт и порача веднаш по изборите да спроведе прочистување кај судиите и обвинителите, но прво, и пред се тоа да го направи кај политичарите.
Ова е прво годишно обраќање на Пендаровски откако на 12 мај годинава ја презема претседателската функција. Неговиот говор во собраниската  салата го следеа претставници на сите пратенички групи.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи