Жителите од прилепска населба Жабино Маало, секоја година, еден ден пред празникот „Св. Никола“, со богата трпеза, топли напитоци и песни, го слават патрониот празник на Прилеп.
Со желби за добро здравје, мир и љубов, граѓаните од Жабино маало палеа свеќи во параклисот посветен на светецот, заштитник на Прилеп и нанивното маало.
“Чувството е прекрасно, ова не може да се опише со зборови“, истакна домаќинот на годинешната прослава, Ѓорѓи Мишков.
“Се нафатив да бидам домаќин пред се како православен христијанин. Сакам традицијата да продолжи, им го честитаам празникот „Св. Никола“на сите граѓани што го празнуваат и посакувам идната година да биде уште поубаво и повесело“, посочи Гоце Стојкоски, домаќин на прославата за наредната година.
Ова беше десетто јубилејно одбележување на „Св. Никола во оваа прилепска населба. Жителите ги посети и градоначалникот Илија Јованоски, кој на домаќините им посака убава веселба и добро здравје, но и здравје, среќа и бериќет за сите.