ВИДЕО – Трипуновски : Празната вештачка акумулација во Прилеп ја доведува во опасност наредната сезона на тутунот

Оваа моја денешна посета е да ја увидам ситуацијата кој што е моментално на Прилепското езеро. Од она што можам да го видам позади мене е дека езерото е речиси празно. Тоа ја доведува во прашање наредната сезона која што е пред нас, земјоделската сезона, за неколку месеци од сега треба да почне наводнувањето, односно засадувањето на тутунот. Ова денеска во Прилеп го истакна заменик министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

 

 

„Ова позади мене е една од сликите во Република Македонија за негрижата на водните ресурси во државата. Оваа ситуација со Прилепското езеро е идентична со она што е во акумулацијата Калиманци. И Тиквешкото езеро е на долен минимум. Речиси нема акумулација која што не е испразнета од тоа недомаќинско работење што го имаше акционерското водостопанко претпријатие и Министерството за земјоделство. Сведоци бевме дека минатата година истото АД Водостопанство неколку месеци немаше поделено плата на вработените, резервни делови за механизацијата, а врвот на се беше негрижата со акумулациите во Република Македонија, односно наредната сезона ќе биде и тоа како тешка за земјоделско производство. Оваа посета е лично да се уверам во фактичката состојба и она што го гледам позади мене е навистина катастрофална состојба. Можеби со задоцнета реакција од надлежните институции да уште минатата година, кога беше сушна годината, да се користеше водата рационално. Тоа не се случи и денес имаме празна акумулација“, истакна Трипуновски.

 

Според него она што во најмала рака денес требало да го прави владата и министерството било да се формира некое тело кое ќе направи стратегија што со ваквата ситуација која моментално била алармантна.

 

„Ние сме земјоделска држава и нашето земјоделко производство е многу зависно од наводнување на земјоделските површини. Затоа оваа ситуација ја користам, оваа изјава, да апелирам и до Влада и до Министерството да направат некоја стратегија, да направат некое тело што во наредниот период, затоа што како што сами кажавте за неколку месеци од сега почнува наводнувањето. Не само во Прилеп, во цела Република Македонија, без вода нема да имаме земјоделски производство. Едноставно ќе имаме десеткувано производство, што ќе значи и намалено производство на земјоделски производи, извоз на земјоделски производи и на крај ќе биде доведена во прашање егзистенцијата на земјоделците во Република Македонија“, рече Трипуновски.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи