Музичкиот фестивал „Мозаик“, кој што е замислен како концертна турнеја на најголемите музички ѕвезди од Македонија, за прв пат ќе се одржи годинава и тоа во Скопје, Прилеп и Куманово. На концертите, кои што ќе траат по 5 часа, на иста сцена ќе настапат Владо Јаневски, Влатко Стефановски, Елита 5, Слаткаристика, Нокаут, Џамбо Агушево оркестар, Дани Димитровска, Ферис Мустафов, Туна, Рок Симфони и Сам.
Концертот во Скопје е закажан за 28 февруари во А1 Арена, а таму ќе настапат Владо Јаневски, Нокаут, Елита 5, Слаткаристика, Ферис Мустафов и Сам. Во Прилеп ќе се пее на 14 март во Центарот за култура „Марко Цепенков“, а на тој концерт ќе настапат Рок Симфони, Дани Димитровска, Влатко Стефановски, и Џамбо Агушев. Последниот концерт ќе се одржи во Куманово на 21 март во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со Рок Симфони, Дани Димитровска, Влатко Стефановски, Џамбо Агушев и Туна.
Влезниците, кои чинат по 100 и 200 денари веќе се пуштени во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс.