На излезот од селото селото Дебреште во Општина Долнени, покрај самиот регионален пат Прилеп-М. Брод, ќе ве пречека ужасна слика. Кучиња се хранат со умрени животни, смрдеа и џад на сите страни. Потенцијален извор на огромен број заразни болести.
Има цели планини од ѓубре фрлено на дива депонија. Сцените се како од некој хорор филм. Општина Долнени навистина треба под итно да превземе нешто за да се стопира оваа срамна ситуација. И да се исчисти целиот простор.