ВИДЕО – Еурокомпозитовци го блокираа патот Прилеп-Скопје, придонесите кои им ги вети Владата не се исплатени, а фабриката не работи 4 месеци

 

Еурокомпозитовци денеска по којзнае кој пат го блокираа патот Прилеп-Скопје со обвинување дека се излажани од државата. Иако лани во октомври беше донесен законот со кој Владата се обврза да ги исплати неисплатените придонеси од 2012 година до денес, тоа не се случи. Велат дека со години државата бесрамо ги лаже и манипулира со нив.

 

 

„Да биди трагедијата поголема пред 2 дена ни се јавија од Скопје, претставникот на општетствениот капитал и ни вели дека Антикорупциска му наредила до изборите ниишто да има со спроведување на овој закон“, Пеце Вељаноски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

„А за овие кои ги вработија со Рамковен договор седат дома еве веќе 17-18 години, тие земаат плата, придонеси, здравствено и пензиско му е платено, за нив има пари, а за нас државна фирма Владата не може да најде пари“, истакна Жарко Талески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Преостанатите 60-тина вработени не одат на работа веќе 4 месеци, струјата во фабриката е исклучена, а државниот имот е оставен речиси без никој да го чува.

 

„Утре на Влада ќе се решавало и тоа замислете не за фирмата туку за стражарската служба, дали ќе им се исплаќа плата на стражарската служба илии ќе си донесат некое приватно обезбедување“, рече Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.

 

Од Еурокомпозит се заканија дека доколку под итно не се решат нивните проблеми ќе ги радикализираат протестите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи