Се забранува работата на сите барови, казина, кафулиња, ресторани, нарачки само по телефон, се затвора и аеродромот во Охрид и неколку гранични премини

 

Во однос на мерките кои ќе се преземат: Се затвораат сите копнени гранични премини, освен Богородица, Ќафасан, Табановце, Деве Баир и Блаце. За 48 часа ќе се затвори ии охридскиот аеродром. Забрана за влез за странски државјани и од земјите со среден ризик, според листата на СЗО. Само МВР може да даде дозвола за влез на овие лица ако има посебен државен и економски интерес. Ова беше истакнато на вечерашната прес конференција.

 

Освен ова се затвораат сите продавници во моловите, освен маркетите и аптеките. Целосен клуч и за кафетерии, ресторани, обложувалници, барови, клубови и казина. Сите овие фирми ќе можат да вршат онлајн-трговија, телефонски нарачки и достава.

 

Министерството за здравство од секој македонски државјанин што доаѓа од високоризичните и средноризичните земји ќе бара да потпише писмена изјава дека ќе биде 14 дена во самоизолација.

 

„Да ја повторам препораката дека се со седење дома се помага да се зачува јавното здравје“, рече министерот Филипче.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи