Општина Крушево и ОО Црвен Крст Крушево ќе работат заеднички на помош на стари и изнемоштени лица во набавка на непходни прехранбени и други производи.
За таа цел ОО Црвен Крст Крушево ги повикува сите граѓани на општина Крушево да се пријават за волонтери и да помогнат во доставувањето на храна, вода, лекови, производи за хигиена и др.
Организацијата воспостави и телефонска линија на која граѓаните ќе можат да ги бараат овие услуги. Телефонскиот број кој можат да го користат лицата кои имаат потреба е следниот: 071-379-920
Овој повик се однесува за градот и населените места, а општината логистички ќе ја поддржува работата на Црвен Крст во Крушево.
Во продолжение целосното соопштение на организацијата:
„Во врска со развој на состојбата поврзана со вирусот COVID-19, согласно насоките од Црвен крст на РСМ и донесените заклучоци од состаноците со Општинскиот штаб за заштита и спасување, Општинската Организација на Црвен крст Крушево има капацитет да понуди и воспостави телефонска линија, 071-379-920 за спроведување на услуга за набавка на храна, средства за хигиена и лекови за стари, изнемоштени и осамени лица. Трошокот за набавката ќе биде на терет на самите граѓани, а волонтерите ќе вршат набавка и достава до нивните домови.
Граѓаните ќе можат да ја најават потребата секој ден на телефонската линија од 8 до 12 часот, а услугата/дистрибуцијата ќе биде достапна еднаш неделно.
Ве информираме дека работното време на ООЦК Крушево заклучно од денес 17.03.2020 е од 08:30 до 15:00 часот.
Исто така ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, со над 18 години, да се пријават за волонтирање (за истата оваа услуга)“, стои во соопштението.