Бидејќи не можеме да работиме во конвенционална смисла на зборот, ние решивме да ви читаме книга. Како прва книга е „Малиот принц“, книга за деца и возрасни, која е четиво кој секој од нас мора да го прочита барем еднаш во животот. Информираат од училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“.
„Нашиот член Леона денес ќе ви ги чита деловите 1 – 3, а од утре секојдневно ќе објавуваме по 3 дела од „Малиот принц“, кои ќе ви ги читаат нашите членови. Се надеваме дека со ова ќе придонесеме во пребродување на овие времиња“, велат од „Чин 4 Сцена 5“.