Кривична пријава против Ј.Х.(37) од Крушево

 

 

Надворешната канцеларија за Криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ј.Х.(37) од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама во службата“.

 

На 04.04.2019 пријавениот, како управител на правно лице од Крушево, при склучување на усмен договор за купување на дизел гориво во количина од 600 литри, го довел во заблуда оштетениот Б.Е. од Кичево, управител на бензиска пумпа, на тој начин што при склучување на договорот на Б.Е. му го прикрил фактот дека од 02.09.2018 купувачот бил со блокирана банкарска сметка, со што на правното лице, каде управител бил оштетениот, му нанел штета во износ од 54.958 денари.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи