Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против директорката на клиниката за дерматологија Нина Цаца Билјановска. Ова го истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција.
Тој изјави дека таа влегла во земјава на 29 февруари од Италија, а коронавирусот и бил потврден на 8. март. Во меѓувреме не ги почитувала препораките за изолација, и одела на работа, па дури била и на симпозиум на кој имало преку 100 доктори.
Откако на екс директорката и беше потврден вирусот, целото одделение беше затворено и сите вработени се во изолација.