6 нови пациенти заболени со коронавирус, помеѓу нив и 4 годишно девојче од Штип

 

До 16:00 часот денеска дијагностицирани се 6 нови пациенти, заболени со коронавирус. Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми. Напиша предмалку на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

 

„Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот. Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните. И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија. Во моментов се тестираат 35 лица, кога ќе бидат готови резултатите ќе ја известиме јавноста“, вели Филипче.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи