Обвинителството бара 3-јцата прилепчани кои не ја почитувале самоизолацијата да бидат казнети со по 3.000 евра

 

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казнен налог за три  лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

 

„Обвинетите во одделни кривично правни настани не ги почитувале мерките за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19 и не постапиле по изјавите за самоизолација. Имено, обвинетите на 17 март оствариле влез во Република С. Македонија од држави со среден и висок ризик за ширење на коронавирусот и согласно мерките биле должни во период од  14 дена  да не го напуштаат престојувалиштето кое го пријавиле како место каде ќе ја спроведат задолжителната самоизолација.  При вршење на контрола од страна на полициските службеници на 19 март, обвинетите не биле затекнати во нивните престојувалишта“, велат од Јавното обвинителство во Прилеп.

 

Основното јавно обвинителство Прилеп му предложи на Основниот суд во Прилеп на обвинетите да им изрече парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од по 30 евра во денарска противвредност.​

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи