Филипче: Бројот на заболени се искачи на 85 – неопходни се поригорозни мерки

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Регистрирани се 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

 

Досега потврдените случаи на заболени од коронавирусот се во Скопје, Дебар, Штип, Гостивар, Кавадарци и Охрид.

 

Што се однесува до состојбата на пациентите на Инфективната клиника во Скопје, истата не е променета. Тоа значи дека најтешка е состојбата на пациентката која е веќе на респиратор, тројца пациенти се со потешка форма на пневмонија, а останатите, според Филипче, имаат полесна клиничка слика.

 

Филипче истакна дека мерките за изолацијата од страна на голем број граѓани не се почитуваат. Поради тоа веќе се подготвени ригорозни мерки кои ќе бидат разгледни попладнево на владина седница.

 

„Очигледно е непридржувањето до мерките, очигледно е дека има сериозна бројка граѓани кои апелите, пораките и ризикот не го земаат сериозно. Имаме одговорност мерките да ги заостирме, зашто тие ќе имаат логика и ќе дадат резултати само ако целосно се почитуваат“, напомена Филипче.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи