Се воведува полициски час од 21 до 6 часот!

 

 

Владата одлучи од утре да воведе целосна забрана за движење во периодот од 21 до 6 часот на целата територија на Македонија, соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски.

 

Спасовски соопшти дека на седницата била донесена одлука за воведување на најрадикални мерки поради потребата да се заштити нацијата, но и да се спречи ширењето на коронавирусот.

 

„Нема компрмис кога здравјето на граѓаните е во прашање. Мерките мораме сите да ги почитуваме и само така ќе ги спасиме и народот, и државата. Животот радикално се промени, како кај нас, така и во целиот свет. Таа ситуација бара од нас исто такво радикално менување и на нашето секојдневие. Затоа ја донесуваме оваа мерка. Владата на РСМ ја донесе оваа тешка одлука врз основа на стручно мислење на Комисијата за заразни болести. Според нивните анализи и научно засновани сознанија за интензивирање на локалното пренесување на коронавирусот се налага ваква радикална мерка, за да се спречи натамошно ширење на вирусот“, рече Спасовски.

 

Ова е за прв пат во историјата на државава да се воведи полициски час на целата територија. Полицискиот час започнува да важи од недела, 22 март, и ќе опфаќа забрана за движење од 21 до 6 часот наутро.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи