Владата на денешна седница донесе одлука со која се воведува полициски час на целата територија на Македонија, во времетраење од 21 до 6 часот, секој ден почнувајќи од недела 22 март.
Сепак на одредени категории на граѓани ќе им биде овозможено движење во текот на полицискиот час. Исклуок ќе бидат лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, како и лицата кои одат на дијализа, меѓутоа во придружба од најмногу 2 лица. Оправданоста ќе мора да ја докажат со белешка од медицинскиот преглед.
Такси превозниците ќе имаат дозвола да работат само со ограничен број на возилa, и исклучиво ќе вршат превоз само до амбуланта, или пак до аптека. Во аптека ќе може да одат само лица, кои претходно биле на медицински преглед.
Исклучок од мерките се секако и припадниците на полицијата, армијата, противпожарните служби, како и вработени во Комуналната хигиена кои се на смена на работа. Вработенитe пак во ЕВН, Водовод и канализација и топлификација, ќе може да се движат надвор од критичниот термин само со претходна најава во полиција.