Лекот сумамед ќе биде повлечен од слободна продажба и отсега ќе се издава на товар на Фондот за здравство, односно само на рецепт со оглед на тоа што по информациите дека се користи во лекувањето на корона вирусот се купувал во огромни количини, дури и по десет кутии.
Од министерството за здравство уверуваат дека веќе се обезбедени залихи за целото население од овој лек.
Лекот против маларија – кинин, кој исто така е ефикасен во борбата против корона, македонските власти успеале да го набават во доволни количини, со кои може да се третираат близу 10.000 пациенти.