Маркови точакџии започнуваат со навистина хуман гест, бесплатна достава на намирници за критичните групи на граѓани.
Имено, со цел да им се помогне на нашите сограѓани со инвалидитет и постарите лица над 65 години, Маркови точакџии примаат нарачки за пазарење на намирници, лекови и други неопходни работи, по што ќе следи бесплатна достава до вашиот дом.
Можност за нарачки ќе имаат и останатите прилепчани, но доставата ќе ве кошта симболични 30 денари.
Нарачките може да се извршат на телефоните 077/852-808 и 075/552-023, како и на апликациите Viber i Whatsapp на истите броеви.
Ова е време да ја покажеме нашата хуманост и да им помогнеме на било кој начин на сограѓаните кои имаат потреби, а не се во можност да ги извршат. Секоја чест Маркови точакџии!