ЕУ со 66 милиони евра помош за Македонија за справување со корона вирусот

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, на својот Твитер профил објави дека Европската Унија ќе ѝ помогне на Македонија во борбата против корона вирусот со средства во висина од 66 милиони евра.

 

„Сите ние сме заедно во борбата против овој злобен вирус. Во ова тешко време, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија“, напиша евроамбасадорот Жбогар.

 

Од тие средства, 4 милиони евра се наменети за итни потреби, 50 милиони евра за социо-економско опоравување, 9 милиони евра за приватниот сектор и 3 милиони евра за директна поддршка на државниот буџет.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи