Петмина од медицинскиот персонал од клиниката за кожни болести се позитивни на ковид-19, информираше на денешната перс конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Како што кажа тој, сите иако го поминале инкубацискиот период без симптоми, нивните тестови покажале позитивен наод на вирусот.
„Од оваа група се тестирани вкупно 30 лица, а позитивни се само овие пет, рече Филипче и најави дека сите 200 лица кои беа во контакт со директорката и во самоизолација ќе бидат повторно тестирани во групи во наредните неколку дена.
Филипче појасни дека сите се во домашна изолација и се во добра општа состојба.