Поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талевски е осуден на осум години затвор за злоупотреба на службената положба во предметот „Транспортер“.
Тогашниот финансиски раководител во општината Слободан Бончановски доби шест години и шест месеци затвор. Меѓу две и три години затвор добија вкупно десет застапници на таранспортните фирми. Условна казни добија директорите на основните и средните училишта, но и некои управител на фирми.
Предметот за ученичкиот транспорт во Битола го отвори Специјалното, па го презеде редовното обвинителство. Во предметот Транспортер беа обвинети вкупно 21 лице и одговараа за злоупотреба на службената положба. Според пресудата тие се виновни бидејќи спротивно на законот за јавни набавки го организирале превозот на ученици во Битола за што општината плаќала повисока цена кон превозните компании од првично договорената сума. Фактурите со повисока сума, превозните компании ги доставувале до директорите на училиштата а тие ги препраќале до општината. Со ова, според пресудата, направена е штета од сума од над 280 илјади евра.