Пет нови смртни случаи како последица на вирусот Ковид-19

 

 

Пет нови смртни случаи како последица на вирусот ковид-19 во изминатите 24 часа, информираа Министерството за здравство (МЗ).

 

Четири од нив се случија на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје – пациент од Куманово (52 години), пациентка од Лабуништа, Струга (65 години), пациентка од Челопек, Тетово (62 години) и пациентка од Штип (81 година). Петтиот смртен случај е регистриран во домашни услови во Куманово кај лице на возраст од 53 години.

 

Со ова вкупниот број на починати во земјава достигна 26.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира