Посебен режим на движење ќе добијат лицата со попреченост и нивните придружници за време на полицискиот час, одлучи денес Владата.
Имено, тие добија дозвола за движење во периодот од 19 до 20 часот во текот на работната недела, додека за време на викендите ќе може слободно да се движат од 11 до 13 часот.
За останатите граѓани важи полицискиот час од понеделник до петок, почнувајќи од 16 до 5 часот наредниот ден, а за време на викендите е забрането 24 часовно излегување. Мерката почнува да важи од денеска.