За време на викендот, за време на полицискиот час, сите земјоделци кои што се жители на град Прилеп и нивните ниви се наоѓаат на територија на градот Прилеп, можат без дозвола и без да се пријават во полиција да појдат и да ги обработуваат своите ниви. Истакна раководителот на подрачната канцеларија на Министерството за земјоделство во Прилеп, Зоран Пачешкоски.
„За сите оние кои се во друга катастарска општина, односно од Прилеп треба да појдат во Коњари, или во Штавица, или во Мариово, за нив е задолжително потребна дозвола. Сите оние кои не успеале да извадат дозвола досега поради некои нивни причини или поради големите гужви што беа, можат на 192 да го најават своето движење и да ги обавуваат своите земјоделски активности. Но, потенцирам дека тоа е само за земјоделски активности. Ќе има пунктови на сите влезови и излези во градот, таму ќе треба земјоделците да ја пријават својата насока и час на движење и повторно при враќање во градот повторно да се пријават на пунктот во полиција“, рече Пачешкоски.