Корона вирусот ја зеде првата жртва во Прилеп, денеска плус 8 нови случаи на Ковид 19 во Прилеп

 

Двајца пациенти позитивни на Ковид-19 починаа од компликации поради инфекцијата, дознава Алсат. Согласно информациите со кои се располага, едниот од починатите е од Куманово, а другиот од Прилеп. Со ова, вкупниот број на починати лица достигна 34 лица.

 

 

Во последниве 24 часа во земјава се регистрирани 49 новозаболени пациенти од Ковид-19, дознава Алсат.

 

По градови:

 

Скопје -13,

Куманово – 14,

Штип -6,

Прилеп – 8,

Велес -6,

Кочани-1,

Гостивар -1.

 

Со ова вкупниот број на заболени во Македонија достигнува 760 лица.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира