Црквата Свети Кирил и Методиј во Прилеп или кај народот позната како Параклис денеска преку социјалната мрежа Фејсбук, преку профилот на теологот и чтец Андреј Иваноски, вршеше пренос во живо на Литургијата по повод празникот Лазарова Сабота.
Од црквата најавуваат дека литургиите и службите за претстојните празници, пред Велиигден како и за самиот празник верниците ќе можат да ги следат на ваков начин.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)