Припадници на АРМ денеска уште од раните утрински часови се распоредена на улиците во Прилеп, особено пред сите поголеми маркети и експозитурите на сите банки во градот под Марковите Кули, каде деновиве се правеа огромни гужви.
Армијата ќе има задача да воведе ред кај граѓаните додека чекаат да влезат во маркетите или банките. Исто така на тротоарите пред сите банки и маркети се залепени налепници на кои пишува „СТОЈ ОВДЕ“ и тие се поставени на она препорачано растојание од минимум 2 метри. Граѓаните утринава го почитуваа ова и стоеја на налепниците без гужви и турканици.
Денеска во 13 часдот во Општина Прилеп ќе се одржи седница на кризниот штаб на која ќе присуствуваат шефот на централниот кризен штав, Бујар Османи, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Пред почетокот на седниицата предвидено е да дадат изјави за медиумите.