Николоски: За резултати се чека од 5 до 7 дена – мора да му се помогне на Прилеп, не е време за политика

 

Мора да се искористат сите капацитети коишто стојат на располагање. Мора да му се помогне на Прилеп, како и на цела Македонија и тука нема место за политика, сега е време да се спасуваат животи, рече во своето обраќање потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

 

„Драги прилепчани, јас сум сигурен дека и оваа битка ќе ја добиеме. И од оваа битка, исто како во историјата, Прилеп и денес ќе излезе како победник. Прилеп се соочува со голем предизвик, да се спрочи натамошното ширење на вирусот и да се сочува живото на оние кои се заболени. Им посакувам опоравување на сите, им изразувам сочувство на семејствата на починатите.

Посакувам што помалку лоши вести да пристигнуваат од Прилеп. Да се случи тоа, потребно е што помасовно тестирање на луѓе кои директно би можеле да бидат под ризикот. Тестови мора да се набават, да се направи ова тестирање и да се откријат сите жаришта. Бројот на тестирани во Прилеп треба да се брои во илјадници, а не како што е сега. Колку повеќе тестирани, толку подобра слика за да можат здравствените работници да им помогнат на сите“, рече Николоски.

 

Николоски апелираше и резултатите од тестирањата на прилепчани да стасуваа порано, затоа што има информации дека се чека меѓу пет и седум дена за разултатите.

 

„Тоа е недозволиво долго време и драгоцено време, за откривање на присуството на коронавирусот и веднаш да се започне со терапијата. Да се дозволи поголема слобода на матичните лекари за закажување на тестирање преку системот ‘Мој термин’“, рече Николоски.

 

Николски истакна и дека е потребна и итна економска помпош за прилепското стопанство, и тоа „од најмалиот дуќан во Прилепската чаршија до најголемата фабрика“, затоа што сите тие имаат потребна од поддршка.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи