Владата донесе посебни мерки за наредниот продолжен викенд, за време на големиот христијански празник Велигден, со цел спречување на ширењето на коронавирусот кај населението.
Со новите мерки, граѓаните ќе бидат приморани да седат дома под полициски час цели 85 часа, односно Владата на денешната седница одлучи да се забрани движењето на граѓаните од петок во 16 часот до вторник до 5 часот.
„Дополнително, од четврток 16 април 16 часот, до вторник 21 април 05 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава“, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.
Другите мерки донесени досега остануваат исти.