ВИДЕО – Станимировиќ : 11 новозаразени во Прилеп, досега вкупно се 100, од нив 8 се здравствени работници, 30 медицински лица се во самоизолација

Имаме 11 нови случаи во изминатото деноноќие, вкупниот број на лица со Ковид изнесува 100. Од нив 77 се на домашно лекување, во домашна изолација, додека 23 се лекуваат во болнички услови. Три лица се досега починати. Истакна на денешната прес конференција Татјана Станимировиќ, епидемиолог.

 

 

„Во моментото денес во инфективното одделение има 18 хоспитализирани лица, 15 со потврден Ковид, додека 5 се сомнителни. Земени им се материјали и за нив се чекаат резултати. Во однос на медицинските работници, здравствените работници, во споредба со другите податоци за другите градоби, кај нас навистина не е голем бројот на инфицирани здравствени работници. Осум се досега вкупно заболени, додека под здравствен надзор се ставени 30. На некои здравствениот надзор, односно оној период од 14 дена во самоизолација е поминат, останатите кои се сеуште во здраствен надзор ќе бидат тестирани. Во текот на изминатите два дена тестиравме здравствени работници од Итната медицинска помош и од интерното одделение, додека до крајот на неделата планираме останатите здравствени работници на кои надзорот им истекува за овие три дена, тоа се тројца здравствени работници од интерното одделение и имаме 7 од одделението за дијализа“, истакна Станимировииќ.

 

Станимиировиќ ја објасни и постапката што се случува доколку некој здравствен работник е позитивен на Ковид 19. Според неа веднаш се контактирала епидемиолошката служба, заедно со раководителот на одделението и се правела проценка на нивото на изложеност на останатите здравствени работници кои што биле во контакт со позитивниот случај на Ковид.

 

„Во зависнот од тоа ние проценуваме дали се работи за ниско ниво, средно ниво на ризик на изложеност, или пак високо ниво. Ние понатаму го отстрануваме здравствените работници од работното место, или им препорачуваме доколку нивото на изложеност процениме дека е од ниско ниво на ризик тие продолжуваат да работат, меѓутоа со следење на својата здравствена состојба. Високо и средно ниво на ризик е контакт со инфицирано лице без носење на заштитна опрема, доколку постоел и подолготраен контакт од над 15 минути, во таков случај веднаш зравствените работници кои биле во контакт со позитивното лице, било да се работи за здравствен работник или пациент, тие се ставаат под здравствен надзор во времетраење од 14 дена и самоизолација. Во текот на тие 14 дена се следи нивната здравствена состојба, а по истекот на самоизолацијата се прави испитување на Ковид 19 и доколку тестот е негативен, тие продолжуваат односно се враќаат на работа“, додаде Станимировиќ.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи