Христовото Воскресение – Велигден е празник над празниците. Празник на радоста и спокојот, ден кој ја празнува и слави победата на животот над смртта.
Периодот низ кој поминуваме, пандемијата на КОВИД-19, од нас бара да направиме се’ за да го заштитиме нашето здравје и здравјето и животите на нашите најблиски. Да докажеме дека воздржувањето и одговорноста можат да бидат најголемиот пријател на верата и на луѓето.
Искушенијата што нè снајдоа нека ни бидат за утврдување во верата и за духовно напредување. Затоа, за овој Велигден да останеме дома и од нашите домови да ги испратиме молитвите за здравје, среќа и бериќет на сите наши сограѓани.
Празнувањето на Христовото Воскресение да ни даде сила да се справиме со искушенијата пред кои сме исправени и следниот Велигден повторно да го славиме во храмовите ширум нашата татковина.
Да сте здрави и живи!
За многу години Велигден!