Жалиме што не гледаме никаква активност од владата на Македонија за купување на нафта во големи количини со која би ги пополнила стоковите резерви на држвата, соопшти ВМРО Народна.
„Пред нашите очи се случува историски крах на цената на нафтата и додека сите држави ги пополнуваат и последните цистерни од страна на нашата држава немаме никаква акција. Сметаме дека владата има повеќе опции со кои освен како нем набљудувач на овој економски процес може да се вклучи со класичен бизнис модел кој несомнено ќе донесе заштеда па дури и екстра профит во оваа тешка економска ситуација“, соопшти партијата на Љубчо Георгиевски.