Повеќе мајки снимија видео за поддршка на предвреме родените бебиња, чиј број во последниот период се зголемува. Видеото е снимено во домашни услови поради актуелната ситуација. Организатор на проектот е ФБ групата на Организација на мајки на предвремено родени деца кој постои веќе 6 години. Целта на ова видео била да се даде поддршка на мајките и предвреме родените деца.