Д-р Емилија Костовска инфектолог во прилепската општа болница „Борка Талески” која беше потврдена позитивна на кopoнавиpycoт, денеска после два негативни теста беше пуштена од лекување. Дел од персоналот на болницата ја испрати дома и и’ посакаа добро здравје, среќа и успешна понатамошна работа.
„Секоја болница е посебно важна за здравствениот систем. Секоја болница, а посебно секое болничко одделение е едно големо семејство, како ова на нашата фотографија. Колку приврзаност, колку среќа и колку многу љубов има овде!”, напишаа од болницата на Фејсбук.