Локалната Акциона Група Агро Лидер активно делува и во време на непредвидливи околности како што е моменталната ситуација со пандемијата од COVID 19, со цел да им помогне на сите чинители од руралните средини да може непречено да ги извршуваат своите земјоделски и сточарски активности, а истовремено да ги почитуваат мерките за заштита од појава и ширење на коронавирусот.
Неспорен е фактот, дека во оваа ситуација земјоделците и сточарите се грижат за производството на храна водејќи дисциплина во поглед на спречување на појава и ширење на COVID 19 со што допринесуваат за намалување на последиците од моменталната ситуација врз социо-економски развој и безбедноста на државата.
Поволните временски услови и оптималната влажност на почвата во нашата земја се идеални услови за пролетната сеидба со цел да се обезбедат доволни количини на квлитетни земјоделски култури кои се од огромна важност за одржливост на земјоделско-сточарскиот сектор особено во услови на пандемија.
Со појавата на првите случаи на заболени лица од COVID 19 во рурални средини во Пелагонискиот Регион, се зголеми стравот кај луѓето за извршување на планираните земјоделски и сточарски активности.
Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР се вклучи во акциите за заштита од појава и ширење на коронавирусот, и додели 100 визири на одгледувачи на животни и/или земјоделски култури.
Цел на оваа иницијатива е да се даде придонес во создавање на услови за континуиран тек на земјоделските активности во посејување на планираните засеани површи и добивање на планираните производни количини.
Се надеваме дека кризата со вирусот COVID 19 ќе заврши наскоро без да има негативни последици врз земјоделското и сточарското производство кое во услови на ограничувања на пазарот ни се повеќе од неопходни.
Во вакви непредвидливи околности најмногу се препознава значењето на земјоделецот за заедницата, затоа е важно да им се даде поддршка во секој аспект на нивното делување.
Автор : Мрежа на ЛАГови