Регулаторната комисија за енергетика ги објави малопродажните цени по кои нафтените деривати ќе можат од ноќеска на полноќ да се набавуваат на бензинските станици.
Од полноќ малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 2,50 денара за литар и ќе изнесува 49,50 денари, а малопродажната цена на „евросупер БС-98“ ќе се намали 2 денара за литар и ќе изнесува 52 денара.
Цената на „евродизел“ (Д-Е V) ќе изнесува 42,50 денара, што е намалување од 4 денари во споредба со досегашната цена.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 3,5 денари и ќе изнесува 30,5 денари.