Eден нов случај на КОВИД-19 во Прилеп, нема нови оздравени пациенти

Во општина Прилеп денеска е евидентиран еден нов случај на КОВИД-19, а до овој момент нема информација за новоизлекувани пациенти од оваа заразна болест.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица, од кои 11 се позитивни на коронавирус а петмина пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати.

 

 

Во самоизолација се наоѓаат 234 лица.

 

 

Во изминатото деноноќие, немало нарушување на полицискиот час.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци