ВИДЕО – Попоски: Вложуваме во здравството – вработивме над 5.000 здравствени работници, платата ја зголемивме 4 пати

 

Инвестиции во  јавното здравство, кои во изминатите двеипол години ги направи Владата предводена од СДСМ, допринесоа за успешно справување со пандемијата на коронавирусот во нашата држава, изјави на денешната прес конференција Филип Попоски, портпарол на ОО СДСМ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Темелно ги подобривме условите за работа на здравствените работници и за престој на пациентите. Инвестиравме во нова медицинска опрема, ги реконструиравме амбулантите и операционите сали и ги зајакнавме професионалните капацитети на лекарите и медицинските сестри.

 

Силно веруваме дека човечките ресурси во здравството, се темелот на нашиот здравствен систем.

 

Затоа, за период од две години дадовме над 5.000 согласности за вработувања во јавните здравствени установи и над 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации.

 

Најдобра потврда за тоа дека го цениме трудот на здравствените работници и сакаме својата кариера да ја градат во нашето јавно здравство, е фактот дека 4 пати ја зголемивме платата во здравството.

 

Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 отсто, на медицинските сестри до 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, а на останатите здравствени соработници за 15 отсто.

 

Сите сме им благодарни за пожртвуваноста на здравствени работници во битката со вирусот КОВИД-19, за што ќе добијат наградата од 20% од основната плата за 2 месеци, која им е повеќе од заслужена.

 

Денес, со гордост можеме да кажеме дека македонското здравство реагираше навремено и добро се справи со коронавирусот. Успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата. Ја стабилизиравме состојбата и во ниту еден момент не се оптовари капацитетот на здравствениот систем.

 

Сега, од исклучителна важност, е секој од нас да продолжи со одговорно однесување. Да им помогнеме на здравствените работници, со почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

 

Со тоа, ќе помогнеме и во подготовката за новиот пик на коронавирусот, кој според СЗО се очекува наесен.

 

Токму затоа се потребни и изборите, во привиот можен рок: заради заштита на здравјето на граѓаните и подготовки за новиот пик од коронавирусот наесен, за побрзо опоравување и трансформирање на македонската економија и повторно ставање во функција на институциите кои се клучни за нормално функционирање на системот“, изјави Попоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи