Третиот пакет на економски мерки, со кој Владата предводена од СДСМ се справува со последиците од здравствената криза, овозможува заживување на македонската економија преку директна финансиска поддршка на граѓаните, истакна на денешната прес конференција Мартина Стојкоска – портпарол на ОО СДСМ – Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Мерките од третиот пакет, чија вкупна вредност е 355 милиони евра, опфаќаат 730.000 корисници, односно сите невработени лица, социјално ранливите категории, младите, домаќинствата со ниски примања и медицинските лица.
Ние сме социјална држава, а солидарноста е одлика на СДСМ. Затоа, во мерките може да се пронајде секој кому му е потребна помош. Секој треба и секој ќе добие поддршка.
100.000 граѓани ќе добијат домашни платежни картички, вредни 9.000 денари и наменети исклучиво за купување на домашни производи и услуги, како и плаќање на тековни сметки.
Ваква картичка, ќе добијат сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15,000 денари месечни приходи, како и примателите на гаранатирана минимална помош.
Ваучер за домашен туризам од 6.000 денари и домашна платежна картичка од 3.000 денари, ќе добијат 100.000 граѓани. Мерката ги опфаќа сите вработени граѓани кои примаат месечна нето плата помала од 15.000 денари и немаат други приходи.
Со ова, се помага на граѓаните со пониски примања, но и директно се поддржуваат домашните туристички и угостителски објекти.
Платежни картички добиваат и средношколците и студентите, кои ќе добијат по 6.000 денари за плаќање на партиципација или сместување, како и картичка во вредност од 3.000 денари за купување на домашни производи и услуги.
Остануваме посветени на процесот на помагање на нашите граѓани и поддршка на нашата економија. Од оваа криза, сите ќе излеземе и похрабри, и посилни“, потенцираше Стојкоска.