Општина Крушево со највисок процент на реализација на барањата на граѓаните

 

 

Општина Крушево има највисок процент на реализација на барањата на граѓаните и овозможува најголемо учество во креирањето на буџетот, покажа студијата на организацијата „Фајненс Тинк“ (Finance Think). По тој повод на летната сцена во Крушево се одржа регионален форум за претставување на резултатите од студијата и поттикнување на поголема соработка меѓу соседни општини како Крушево и Прилеп.

На форумот градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски истакна дека заедно со граѓаните се реализираат многу проекти, а проектот за гасификација е илустрација на реализирано барање на граѓаните.

 

„Општина Крушево забележува и највисоко ниво на капитални проекти кои се дел од буџетот за 2020 година споредбено со другите општини, а учеството на јавните трибини е исто така најголемо. Разговараме секојдневно и заедно со граѓаните денес реализираме проекти од над 5 милиони евра.

Служби на општината спроведуваа и анкети, и во градот и во населените места, и на тој начин изворно, од прва рака, дознавме за приоритети на граѓаните, а врз основа на тоа реализиравме многу проекти кои не беа дел од предизборната програма, но произлегоа како барања од граѓаните.“, истакна градоначалникот Христоски.

 

На настанот учествуваа и градоначалникот на општина Прилеп Илија Јовановски и претставник на организацијата Иницијативен глас Александар Гаврилоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи