Положени цвеќиња по повод Денот на сеќавање на руските војници загинати во Првата светска војна

 

 

По повод 1 август, Денот на сеќавањата, денеска на Рускиот крст во Германските гробишта беа положени цвеќиња и претставници на МПЦ одржаа панихида.
„Срдечно ве поздравувам на оваа веќе традиционална комеморативна церемонија. Годинава таа се одржува во пресрет на 1 август, кој во Русија се одбележува како Ден на сеќавање на руските војници загинати во Првата светска војна.

1568 дена, околу 9,5 милиони убиени и над 20 милиони повредени–потресените современици со полна причина ја нарекоа таа војна Голема. Загубите на руската армија, според различни проценки, изнесуваа над 2,2 милиони загинати, 3,7 милиони повредени, 3,3 милиони заробени–ова се најголеми загуби во споредба со армиите на другите земји-учеснички.

 

Повеќе од 4,2 илјади војници и офицери на 2-та и 4-та специјална бригада на руската императорска армија, исполнувајќи го својот сојузнички долг во состав на Источната армија на Антанта, ги положиле своите животи на македонско тло. Како и многуте нивни браќа по оружје, тие не се штеделе себеси на боиштата, покажале пример на лична смелост, храброст, хероизам–карактеристики по кои низ вековите е познат рускиот војник.

 

За жал, сè уште не ги знаеме сите нивни имиња. Амбасадата продолжува да работи на идентификување на гробовите на руските војници, вклучително и овде, во Прилепско, каде што во 1916-1917 година се воделе жестоки битки. Благодарни сме за помошта од страна на волонтерите, на локалните власти, колегите од амбасадите на други земји. Очекуваме на продолжување на оваа соработка, на која нѐ обврзува долгот пред нашите претци.

 

Лекциите од Првата светска војна нè потсетуваат на тоа колку разорни се последиците од поделби во алијанси и политики на конфронтација. Во 1914 година, Русија вложуваше секој можен напор за да се избегне крвопролевањето во Европа, но беше принудена да одговори на предизвикот, штитејќи го братскиот словенски народ. Стремежот кон мир и конструктивна соработка меѓу државите врз основа на еднаквост и заемно почитување, немешање во меѓусебните внатрешни работи е карактерна особина и на денешната руска надворешна политика.

 

Убеден сум дека ваквите настани, како што е овој денес, придонесуваат за проширување и зајакнување на билатералните меѓучовечки врски меѓу нашите држави, служат како добар пример за грижливо и внимателно однесување кон војнички меморијали, за што особена благодарност им упатуваме на градоначалникот на општина Прилеп и нејзините жители.

 

Вечен спомен на хероите од Првата светска војна!“, истакна Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската федерација

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи