По два дена трагање од нуркачи пронајдено е тeлото на 16-годишното момче кое завчера исчезна во водите на Преспанското Езеро. Тоа беше пронајдено во туристичката населба Претор, во близина на местото каде што момчето исчезна.
Жртвата е 16-годишниот И.М. од Ресенско, кој заедно со две другарчиња биле на педалинка. И.М. скокнал од педалинката, по што не се појавило на површината. Трите момчиња биле непливачи, а никој од нив не носел елек за спасување. Несреќата се случила на 400 метри оддалеченост од брегот, каде водата достигнува длабочина од неколку метри. Од тогаш до денеска по него трагаа повеќе граѓани, нуркачи и специјалните сили на полицијата.
Следен чекор ќе биде извлекување на телото по што ќе може да продолжи истрагата.