Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, четврток 6-ти август:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има еден нов случај на коронавирус.
- Бројот на активни случаи изнесува 47, од кои 32 се наоѓаат на домашно, а 15 на болничко лекување.
- Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 51 лице.
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 337.