Секој пороен дожд и невреме ние живее во страв дека Градската река ќе ни ја однеси куќата. Ова е вака веќе со години и не се издржува повеќе. Вака ја започнува својата приказна Гоце Митрески од Прилеп, кој живее на еден од краците на од улицата „Александар Македонски“, покрај градската река во Прилеп. И денеска со поројниот дожд улицата комплетно се поплави поради преливање на реката.
„Ова е срамота, се работи за тоа да се изгради 100 метри потпорен ѕид на реката. Секој посилен дожд, ние 5-6 фамилии тука живееме во страв водата да не ни го однеси домот. Од страната на населбата Бончејца се направи тој ѕид, а од страна во населба Чачорица не се направи. Поминаа многу власти, секаде сме се обраќале, но сите останале глуви за нас. Еве и денеска погледнете што направи водата. Реката повторно се прелија. Бараме Општина Прилеп под итно да го реши овој проблем“, вели Митрески.
Пред неколку години кога имало посилно невреме дури поставувале и насипи со вреќи за водата не стигне во куќите. Ваква била тогаш сликата.
