ВИДЕО : Јанески : Обезбедивме непречено водоснабдување на Прилеп со само 70 литри вода во секунда од „Студенчица“

За клавирот во фонтаната, кривичната пријава против Јанески, пресудите од Апелација против Водовод, но и големите инвестиции на прилепски „Водовод“ и умешноста да се обезбеди непречено водоснабдување со само 70 литри вода во секунда од Студенчица. Интервју со Емил Јанески директор на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.

 

 

Г-дине Јанески ова интервју сакам да го запонеме со последната случка поврзана со Водовод, иако вие како јавно претпријатие дадовте објаснување, сепак на социјалните мрежи продолжија одредени коментари на  граѓаните, околу падот на возилото со клавир во т.н. скокачка фонтана. Само кратко дали се знае точно кога таа ќе биде вратена во првобитната состојба ?

Да, вистина е дека имаше немил настан, но истиот е пријавен во полиција, увид е направен, оној кој ја причини штетата, граѓанинот, беше во просториите на ЈКП „Водовод и Канализација“, ја прифати штетата и се обврза фонтаната да ја врати во првобитна состојба. Во овој момент мислам дека се чекаат потпирачите кои мора да бидат пластични, не метални, за да се избегне корозија и три од пумпите се оштетени, се чекаат деловите за да се поправат пумпите и фонтаната да стане функционална. Сметам дека за најмногу 10 дена од денес истото ќе биде направено. Исто така сметам дека за еден таков немил настан е некоректно политички да се обвинува локалната власт дека е неодговорна, никој не посакува да се случи несреќен случај или немил настан и тоа не е несовесно или неодговорно работење на локалната власт. Мислам дека политичките партии треба да ја легнат топката. Да бидат инвентивни, да се натпреваруваат со проекти за доброто на граѓаните, наместо континуирано да се препукуваат помеѓу себе.

 

 

Најкритично беше во ноември, декември и јануари кога „Студенчица“ имаше најниско ниво на издашност со 450 литри во секунда, од кои ние како град добивавме по околу 70-80 литри, но успеавме никогаш да нема недостиг на вода

 

 

Какво е во моментов водоснабдувањето во Прилеп, колкава е издашноста на Студенчица, колку добиваме од тоа и дали има проблеми?

Стабилно е водоснабдувањето. Издашноста на Студенчица во овој момент е над 1.500 литри, ние добиваме околу 240 литри во секунда и имаме уште 40 литри од нашите извори, што значи градот троши некаде 280 литри во секунда во овој момент. Загубите се околу половина, што е добро во споредба со македонскиот, а лошо во споредба со европскиот просек. Но морам да напоменам и тоа дека исклучителна и критична беше состојбата во ноември, декември и јануари се до Божик кога Студенчица имаше најниско ниво на издашност, го собори и ланскиот рекорд и издашноста во тој период изнесуваше помалку од 450 литри во секунда. Од тој извор се снабдуваат 7 општини. Ако имате во предвид дека државата инсистираше ТЕЦ „Осломеј“ да работи, бидејќи немаше доволно производство на електрична енергија, од тие 450 литри во секунда од 100 до 120 литри во секунда одеа за ТЕЦ „Осломеј“, а Прилеп добиваше само по околу 70, 80 максимум до 100 литри во секунда, а градот во тој период на минусни температури, бидејќи граѓаните ги оставаат и чешмите да течат плашејќи се од замрзнување, тогаш градот трошеше повеќе од 340 литри во секунда. Лански поставениот воден режим веќе го усовршивме и немавме никаков проблем да доставиме доволно количество на вода за пиење до секое семејство во Прилеп, особено внимававме вода да има секое семејство во високата зона на градот, бидејќи за ниската зона имаме повеќе решенија и таму немаме проблем околу доставувањето на доволно вода за пиење.

Откако се воведе овој нов начин или нов режим на текот на водата низ градскиот цевковод дури и високите зони немаат проблем со водоснабдувањето, па дури и при едни вакви екстремни услови на мала издашност на Студенчица?

Да, имаат можеби највисоките делови на градот, оние кои се ноаѓаат на 710 мнв, тие имаат малку послаб притисок во одреден период од денот, но да немаат комплетно недостаток на вода за пиење тоа не се случи годинава ниту еднаш. Качуваме вода од бунарите до препумпната станица, до стариот варошки резервоар, кој што е лоциран во дворот на станицата за третман на вода или пречистителната станица. Имаме инсталирано таму препумпни пумпи и ја препумпуваме водата директно во 400-ката, таа е цевка со дијаметар Ф-400, кој го снабдува со вода високиот дел на градот, односно Варош, Тризла, Рид, Точила и горниот дел на градот покрај патот за Битола. Целото количество кое го добиваме од Студенчица преку ден го носиме преку 400-ката до високата зона, а недостатокот го надополнуваме со препумпување на вода во 400-ката од стариот варошки резервоар. На тој начин успеваме да направиме таков еден воден баланс и режим секоја куќа во градот да има доволно вода за пиење.

 

 

Во овој момент не се вклучени бунарите

 

 

Дали во овој момент се вклучени и бунарите?

Не, во овој момент имаме сосема доволно вода од Студенчица, а бунарите се вклучуваат само тогаш кога Студенчица нема доволно вода да ни дистрибуира. Кога Студенчица има вода нема потреба од бунари, бидејќи таа вода е далеку поквалитетна од онаа во бунарите и една од најквалитетните во Европа.

Колку троши Прилеп во моментов по глава на жител, а колкав е европскиот просек?

Во Прилеп имаме нешто под 50% загуби, просекот во ЕУ е од 25 до 30%, а македонскиот од 70 до 80%. Ние сме некаде на средината. Еден граѓанин треба просечно да троши помеѓу 5 и 7 м3 во месецот. Значи едно семејство треба да потроши околу 20 м3 во месецот. А фактурираме кон граѓаните од 2,5 до 3 м3 во месецот, согласно податоците за бројот на жители кои ги имаме, попис нема одамна направено, па допрва ќе видиме колку жители има Општина Прилеп.

За да се намалат загубите еден од факторите е замената на старата мрежа со нова, кои се инвестициите на Водовод на ова поле ?

Водовод во комуналната дејност мислам дека има најмногу реконструирано во нашата држава. Повеќе од 50% ни се реконструирани линиите, последните 2 години реконструиравме или пуштивме нови линии над 20 километри, паралелно со тоа ги подобруваме услугите и околу собирањето и одведувањето на урбаната отпадна вода или народски кажано канализацијата. Имаме изградено над 4 км. канализациона линија и зациментирано повеќе од 4 км. канали кои на некој начин им сметале на граѓаните, прелевале, давале смрдеа итн. Поприлична активност можеше да се види овие 2 години во градот и во текот на оваа година ќе продолжиме согласно одреден план или одрена проекција која се прави врз основа на бројот на дефекти во текот на минатата година, староста на цевките, можноста за дефекти итн.

 

 

Прилеп вкупно има 240 км. водоводна мрежа, од која со нови цевки заменети се 120 км.

 

 

Колкав е вкупниот дијапазон на таа градска мрежа и уште колку останува од целокупната мрежа да биде заменета?

160 км. е без куќниите приклучоци или 240 км . со куќни приклучоци, заменети досега се 120 км. Значи остануваат уште половина. Но дел од таа мрежа е во добра состојба. Да речиме околу 40-тина километри се во добра состојба ии можат да потрајат. Граѓаниите треба да знаат дека бетонско – азбестните цевки не се штетни по нивното здравје. Само азбестот во прав кој се наоѓа на крововите е штетен по здравјето на луѓето. Над 65% во Виена водоводните линии се од азбестно-бетонски цевки, кај нас има тренд на промена, па бидејќи и сега доколку имате дефект не се проиизведувата повеќе азбестно-бетонски цевки и мора да ги замените со полиетиленски. Квалитетот на водата која се дистрибуира низ полиетиленските цевки не е подбар од квалитетот на водата низ азбестно-бетонските цевки, но полиетиленските цевки се пофлексибилни, поотпорни на дефекти, азбестно-бетонските цевки се потврди, полесно се кршат.

Кога станува збор дефектите имаше одредени дефекти кои беа оставени како дупки низ градот со месеци, а граѓаните реагираа на тоа, едната таква дупка да ја наречеме беше кај поранешна Градска кафеана, во центар на Прилеп, другата кај театарот и на неколку други места, зошто тоа беше така?

Не стануваше збор за дефекти на водоводната мрежа. Кај поранешна Градска кафеана направивме колосален зафат. Го решивме централното подрачје кое е крвоточно подрачје за водоводната линија. Ги променивме комплетно инсталациите, но и вентилите кои беа стари и не дихтоваа. На булеварот Јавното претпријатие во целост се стави во функција на Општината. Ја реконструиравме 300-ката или цевката со дијаметар Ф-300 во целост од споменикот Карпалак па се до Домот за култура Марко Цепенков и спроведовме уште околу 350 метри секундарна линија на која ги презедовме куќните приклучоци или приклучоците од Стоковната куќа, од Домот за култура и сите околни објекти, што е според европските стандарди. Во Европа се избегнува на главните линии да има куќни приклучоци, бидејќи кога има дефект вие треба да ја затворите главната линија и заради дефект на еден приклучок може да се случи вие да оставите 1/3 од градот без вода. Се практикува покрај главните линии, да се инстарлираат секундарни линии на кои ќе ги превземете куќните приклучоци. Ние во целост ја променивме инсталацијата под земја, спроведовме и секундарни линии, но се сменија и шахтите и вентилите и хидрантите кои што беа приклучени за тие водоводни линии, а беа стационирани кај поранешна Градска кафеана. Заради тоа таму подолго време имаше оставено простор за изведување на вентилите на водоводните линии. Додека кај Тинекс не беше по наша вина. За да го намалиме трошокот од санирање на коловозните површини ние навреме ги изведовме приклучоците на водоводните линии спрема хотел Липа и Стара автобуска станица, но бидејќи реконструкцијата на булеварот беше во тек требаше да се изведи електричната инсталација, па замолија луѓето, кои што требаше да ја изведат електричната инсталција, на веќе пресечениот асфалт и отворените канали покрај нашите линии да ја изведат електричната инсталација и ние нив ги почекувавме за да почниме со санирање на коловозот. Ние имаме исклучителни проблеми на улицата „Борка Талескии“, која се протега од Јарболот па се до ООУ Кочо Рацин, каде неколку пати е реконструирана површината на плочките, а ниту еднаш не е променета водоводната линија, буквално бетонско-азбестните цевки се претворени во картон и најмногу тука има дефекти и проблеми. Првата прилика кога ќе се реконструира тој дел на градот, доколку јас сум во можност, доколку не, некој друг треба да ја реконструира водоводната линија, бидејќи таа треба комплетно да се замени и да се достават приклучоци до куќите и дуќаните.

 

 

Еден од регионите во градов кој што во моментов е единствен кој што има одредени проблеми со водата е населбата „Три Багреми“. Жителите се жалаат дека 2 недели немаат вода. Дали е тоа вистина?

Не, жителите имаат вода за пиење во градските чешки кои што служат за да се снабди тој дел од населбата која е неурбанизирана, негализирана, дива населба. Во постојана координација сме со општината, со новиот просторно урбанистички план тие куќи во таа населба да бидат легализирани и во рамките на можностите да бидат спроведени нови водоводни линии за да може да се однесе доволно количина вода и за тие граѓани. Се разбира, претходно треба да се урбанизираат и да се најде начин бидејќи исклучително е карпест терен, за да се однесе доволно вода. Се работи за нелегални објекти кои што практично секој ден „никнуваат“.

 

 

„Пресудата од Апелација дека вршиме дискриминација на жителите од населбата „Три Багреми“ е на Врховен суд“

 

 

Во 2019 година, мислам дека тие имаа одредена тужба кон Општина Прилеп и кон ЈКП, Апелациониот суд донесе пресуда дека општината врши дискриминација кон тоа население, затоа што не им обезбедува вода за пиење кое е едно од основните човекови права. До каде е тој процес?

Малку е чудна пресудата. Два пати, Основниот суд носеше пресуда дека не се работи за дискриминација доколку вие направите нелегален објект негде на планина, па барате вода и не ја добиете. Точно е дека Апелациониот суд донесе таква пресуда. Сега, предметот се наоѓа на Врховен суд и го чекаме мислењето. Меѓутоа, тоа не значи дека ние не треба да се обидуваме да се трудиме, заедно со општината, бидејќи општината е сопственик на ЈКП, а Советот на општината е основач на претпријатието, за да дистибуираме доволно количество вода до секое домаќинство во градот, согласно нашите можности и согласно законите на нашата држава. Контрадикторна е малку пресудата со законите, бидејќи доколку вие изведувате подземни инсталации на места кои што не се урбанизирани, се сомневам дека вие на некој начин правите злоупотреба на положбата, инвестирате средства на места коишто согласно Планот не постојат – таму согласно постојниот Урбанистички план не постојат куќи. Или нема или не е дозволено да се градат. Во исто време, секој граѓанин има апсолутно право да добие вода за пиење коешто во крајна линија и чини, односно кошта. Водата за пиење во нашата држава е се уште со пари. Водата е без пари, но дистрибуцијата на водата до секој дом е со пари.

Дали би можел да се зголеми бројот на јавни чешми кои се во таа населба?

Има 4 јавни чешми во населбите „Три багреми“ и „Мексико“ за да можат граѓаните да се снабдуваат со вода. Се разбира, не е исто да имате дома вода за пиење, дистрибуирана до домот, меѓутоа до овој момент, тие се можностите и на тој начин се обидуваме да ги задоволиме потребите за вода на тие граѓани. Тоа се некаде 50-70 куќи.

Кога станува збор за инвестициите на јавното претпријатие, освен што постојано инвестирате во замена на канализационата и водоводна мрежа, една голема инвестиција направивте во 2018 година во тој т.н. ГИС подземен катастар, и во набавка на една од најсовремените опреми којашто едно јавно претпријатие ја има во целата држава.

Ваков динамичен, информатички и географски систем имаме само ние. Ние можеме секојдневно да ги внесуваме податоците во географско-информатичкиот систем од терен. Ако денес санираме дефект, тој податок дека на таа улица, на тој и тој ден се санирал дефект од таква и таква природа, го внесуваме веднаш во географско-информатичкиот систем. Имаме гео скенер, којшто има моќност 15 метри дијаметар и 8 метри длабина под земја да ги лоцира нашите инсталации. Имаме камера за детекција на девијации и на канализационата мрежа, имаме некоку ГПС-и за мерење на котите, имаме одомер со кој точно и прецизно раздалеченоста или должината на водоводните и канализационите линии да ги измереме. Имаме корелатор, неколку геофони, чија намена е детекција на подземни истекувања, значи дефекти кои истекуваат некаде под земјата, а се уште не избиле над коловозната површина. Имаме локатори за детектирање на секкаов вид материјали под земја, железни, магнетни, пластични материјали.

Колку сето тоа помага во овие 2 години?

Апсолутно многу. Имаме пронајдено на повеќе места разно разни видови на девијација на канализационата мрежа, лоцирани или детектирани од камерата. Пример, на улица „Петта прилепска“ најдовме камен во канализационата мрежа и вие можете само со градежен зафат да го отстраните каменот, меѓутоа за да знаете точно на кое место треба да го изведите градежниот зафат, претходно треба да го лоцирате. Камерата тоа успешно го направи, се разбира, и на повеќе други места во градот, каде што недоволно е со цистерните да го отстраните дефектот. Потребно е да изведите градежен зафат, како нагмечување, како на тврди предмети, кои не можете да ги издувате низ канализацијата. Камерата тоа го лоцира, и ние успешно ги санираме дефектите во нашата канализациона мрежа.

 

 

„Кривичната пријава против мене во 2020-та беше враќање на ВМРО – МВРО и никогаш да не се повтори“

 

 

Во март во 2020 година имаше кривична пријава дека е оштететно јавното претпријатие за 2 милиони и 300 илјади денари за набавка на системот.

Тоа беше политичка кампања, 10 дена пред избори. Тоа беше враќање на ВМРО – МВРО и никогаш да не се повтори и никогаш, без оглед кој е на власт, да не се прогонуваат политички политичките противници. Мислам дека има решение во Обвинителството за отфрлање на пријавата Запрена е постапката, се разбира, меѓутоа за да ви направат штета на интегритетот, доволно е да ви направат два преса, и вие да треба постојано да се правдате што се случило. Апсолутно ништо, пријавата сама по себе од правен аспект беше демагогија, не бев обвинет за злоупотреба на службени пари. Бев обвинет за несовесно вршење на службата, бидејќи кога се набавувал рентгенот се претпоставува дека економските оператори кои што учествувале на тендерот, имале можност меѓусебно да се договорат. Мојата работа не е да ги следам економските оператори и дали се договараат, и сега можеби некои економски оператори за некаде се договараат. Економските оператори се познаваат меѓусебе и е на нивната совест, дали ќе се договорат да учествуваат на овој тендер во Прилеп, или нема намерно да учествува во Прилеп за сметка на тоа другиот еконмски оператор во Битола да не учествува на некој тендер. Тоа во принцип е работа на економските оператори, не е работа на јавното претпријатие. Смешно беше тоа што се правеше. Јас апел би пратил и до моите сопартијци да не ги користат институциите за да го нарушуваат интегритетот на луѓето. На крајот на краиштата, ние сме луѓе со семејства, граѓани на овој град, и ние мораме да градиме добри меѓучовечки односи. Секој оној кој што се огрешил треба да одговара и институциите треба да се произнесат. Јас досега, како што видовте, ниту се обратив после тие пресови, ниту, до денес, имам излезено да зборувам по тоа прашање за да демантирам. Сигурен сум дека да не ми го поставевте прашањето, веројатно немаше ни сега да зборувам за тоа. Од информациите јас што ги имам, бидејќи многу многу не се оптеретувам и не прашувам, има решение за отфрлање на кривичната пријава.

 

 

Не вработувам по партиска линија, ви гарантирам, дека сигурно 10 членови со книшки на ВМРО-ДПМНЕ имам вработено во период откако сум јас директор

 

Кога ја споменавте опозицијата, само уште едно кратко прашање, за да не мешаме многу политика, на неколку наврати опозицијата излезе со прес конференции дека се вработуваат партиски послушници и партиски членови во ЈКП „Водовод и Канализација“. Со колку вработени го начекавте вие претпријатието и колку има вработено откако вие сте на оваа функција?

Покрај сите работи во ова претпријатие кои со моето доаѓање или на новиот менаџерски тим се направени, направена е и целосна нова систематизација на работните места и функционална анализа, бидејќи ние спремни мораше да го дочекаме преземањето на пречистителната станица. Не можете да го немате во систематизацијата, а да стопанисувате со објект за кој ви  е потребно целосно ново одделение. Има 4 нови одделенија во новата систематизација. Пред јас да дојдам директор, имаше 162 вработени, не ме држете за збор за 1 или 2 вработени на определно време и околу 25 на неопределено време. Тоа значи некаде околу 185 вработени континуирано во претпријатието, севкупниот број на вработени и на определено и на неопределно. Во овој момент, се околу 200, повторно околу 25 се на неопределено, а околу 180 на определено. Апсолутно не вработувам по партиска линија, ви гарантирам, не сакам повторно како и за штетата направена кај фонтаната да зборувам имиња и да ги стигматизирам нашите сограѓани, па сигурно 10 членови со книшки на ВМРО-ДПМНЕ вработено во период откако сум јас директор. Во друга прилика, за да не ги злоупотребуваме луѓето, можам да ви кажам, претпоставувам дел од нив знаете и вие. Пет, шест од нив добија решение, идеја на определено и кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт. Не само што останаа на работа, туку им се трансформираше и односот на неопределно време.

Ја спомнавте пречистителната станица, таа е еден нов објект со кој Прилеп навистина може да се гордее, еден од ретките градови во Македонија кој што поседува таква станица. Какво е нејзиното функционирање?

Исклучително позитивно е функционирањето. Ако ме прашувате дали функционира добро, или дали има бенефити, има и бенефити од функционирањето и добро функционира станицата. Бенефитите се чиста животна средина, испуштаме технички исправна вода во реката, се враќа биодиверзитетот, живиот свет во реката, на крајот со таа вода се наводнуваат и земјоделски површини чии земјоделски производи на крајот завршуваат на пазарот во општина Прилеп. Функционирањето е добро, имаме мал проблем во овој момент со дигесторот, таму се врши процес на анаеробна дигестија, бидејќи дел од пумпите за што и ВМРО-ДПМНЕ правеше прес, на две од вило пумпите кои што е потребно да функционираат за да може да се произведува гас на функционираат. Во наредниот период планираме да ги санираме, досега не ги саниравме бидејќи се расипаа во гарантен период и очекувавме дека инвеститорот од Бугарија тоа ќе го направи. Се правдаше дека 2 години дека не може да дојде заради корона, а сега воопшто не одговара на пораките и меиловите. Ние имаме повеќе интерес да инвестираме сами доколку е потребно во корекција, односно поправање на дефектите на пумпите, бидејќи со производството на гас заштедуваме електрична енергија. Подобро да инвестираме во тие вило пумпи отколку да трошиме повеќе електрична енергија секој месец. Очекувавме досега да ни излезат во пресрет, информирано е Министерството за финансии преку кое што се спровадуваше проектот, информирано е Министерството за животна средина и неколку мејлови имаме до бугарскиот инвеститор. Не наидовме на одговор и на разбирање. Не можеме и понатаму така да функционираме, не предизвикува штета во процесот на прочистување, но со тоа што не функционираат вило пумпите нас не ни ги намалува трошоците кои би ни ги намалило. Оттаму тињата откако ќе согори се носи во дикантерот, а чистата вода се испушта во реката. Вишокот на тиња се враќа назад во секундарниот таложник, каде повторно се одржува процесот на аерација, се одржуваат во живот микроорганизмите, така функционира пречистителната станица.

За тињата од сушните полиња едно време имаше проблем за одлагање на депонија. Дали тој се реши?

Комуналец е задолжен за одлагање на тињата и за тоа има одредено цена, 1.000 денари од метар кубен ние им плаќаме на Комуналец секогаш кога ќе подигнат тиња. Значи Комуналец ја подига и ја складира според правилата и прописите во Македонија. За тоа треба да се информирате од Комуналец, имаат точно определени правила, иако моето мислење е дека не ни се ускладени законите со Европа. Во Англија на пример таа тиња, дури и несогорена се користи за ѓубрење, како вештачко ѓубриво, дури и во станици каде што нема метан танк, или каде што не се врши процес на дигестија, каде што тињата не согорува. Тињата која што излегува од дигесторот буквално нема никаква миризба, е во вид на прашина, согорена е и мислам дека нема да има никаков проблем дури и да се користи за џурење. Но за тоа треба одредени предуслови во законската регулатива. Јавното претпријатие не може да продава вештачко ѓубриво, не е формирано да продава вештачко ѓубриво, потребно е државата да направи стратегија што со тињата која останува од пречиститечните станици. Генерална државна стратегија и таа стратегија да се спроведува, а јавното комунално претпријатие да се вклопи во државната стратегија. Таква стратегија досега во државава се уште нема и ние логично се ослободуваме од таа тиња со тоа што ЈКП Комуналец ја подига, а за направената услуга нас ни фактурира по 1.000 денари од метар кубен, со што ни ги зголемува трошоците во работењето, а кога би ја продавале би имале финансиска придобивка, а вака имаме дополнителен трошок. Да се надеваме дека некоја национална стратегија каде можеби државата ќе ја подига и ќе ја продава, ако веќе тоа не може ЈКП, бидејќи ќе има точно определена дејност определан со одлука на Совет на општина. Од сите пречистителни да ја подига тињата и да најде начин како тињата да ја дистрибуира до земјоделците кои би можеле да ја користат за ѓубрење на земјоделските површини.

 

 

Во каква финансиска состојба се наоѓа Водовод и Канализација и кои се вашите планови за 2021?

Беше во добра ситуација и кога дојдов, имавме некаде околу 17 милиони денари долг, сега е некаде 19 кон Министерство за животна средина, сектор за води. Должни се сите претпријатија. Никаков друг долг по однос на даноци, придонеси, здравствено и пензиско осигурување претпријатието не е должно. Должно беше некои 4-5 милиони денари кон економски оператор и добавувачи и во овој момент е колку 2-3 милиони, тоа се тековни обврски кои ги сервисираме. Значи финансиската состојба на претпријатието е добра, претпријатието е финансиски ликвидно и јас можам да ветам дека се додека јас сум дел од ова собрание, тој тренд ќе продолжи. Знаете во јавните претпријатија нема премногу финансиски средства, вие не сте профитабилно претпријатие, финансиската ликвидност треба да биде 0.5%. Практично приходите кои ги остварувате треба да ги усогласите со трошоците, а за тоа согласно позитивната законска регулатива во државата е задолжена Регулаторна комисија. Со недомаќинско работење состојбата веднаш може да биде лоша, вие не можете да трошите повеќе од тоа што заработувате. Тоа е исто како во едно семејство, вие не можете доколку во куќата ви влегуваат 700 евра, вие да трошите 1.000. ако трошите 1.000 логично ќе станете задолжени и неликвидни.

 

 

Идните планови ни се да набавиме Скада систем, бидејќи стариот не функционира

 

 

Околу инвестициите, плановите за 2021?

Сите планови поврзани со инвестициите се влезени веќе во програмата наша усвоена од Советот. Најголем дел се околу градежни зафати за реконструкции на водовни линии, дел и околу проблеми за канализацијата треба да решиме. Во моментот решаваме горе голем проблем во Тризла 1 на улица Целе Мавровски, заедно со Београдска. Тие луѓе таму не им е асфалтирана улицата, а имаат проблем со поплавите од Маркови Кули кога има попоројни дождови и спроведуваме атмосферска каналиација, а после тоа општината треба да ја асфалтира улицата. Сакаме да набавиме скада, скада имало во 2008/09 година набавено од Сименс опрема, од Индас некое претпријатие од Нови Сад. Јас кога дојдов бидејќи дел од скадата беше целосно уништена, се обидов да се информирам дали може да биде вратена во функција. Го посетив претпријатието кое што ја имаше претпријатието во Нови Сад, дојдоа стручни лица и кажаа дека Сименс повеќе ваква опрема не произведува и дека скадата е целосно нефункционална.

Зошто е уништена?

Затоа што технологијата оди напред, она што е уништено доколку не се произведува таков или сличен дел, не може истиот да се замени за да стане функционална скадата?

Но како дошло до уништување на Скада системот?

Со тек на време и со нередовно одржување. Мислам дека на Топташ заради удар на гром, слично нешто на Барбарас. Некој дел е дотраен, се расипал и не се сервисирал навреме, а Сименс престанал да го произведува и во овој момент ние практично немаме скада систем. Моја пракса е секогаш да ги слушам советите на секторските раководители и одделенски. Две години инсистира раководителот инвестициски да набавиме нова скада, бидејќи старата не можеме да ја вратиме во функција и најверојатно оваа година ќе имаме постапка за да набавиме нов скада систем, кој ќе го поврзиме со географскиот информатички систем и во секој момент ќе имаме податоци за дотокот во секоја од месните заедници во секој момент и произведените количини како Студенчица, така од бунарите ако се функција во тој момент итн. Од прилика тие се две поголеми инвестиции кои ги планираме, видејќи горе долу ние сме технички поприлично напред од сите комунални претпријатија во државава, не сакам да бидам нескромен да кажам и наша должност е и должност на секое наредно раководство на ЈКП е да инвестира во дигитални водомери. Се добива многу. Прво навремено се отчитуваат, немате проблем со нечитање на водомерите кои што во овој момент зависат од човек, од инкасатор, па знаете не ви прочитан 3 месеци водомерот и наеднаш сте во претплата 50 кубици, или па треба да доплатите 50, 100 кубици на претпријатие па се револтирате, викате што ми е гајле читајте си навреме. Во услови на корона многу тешко е ем да го заштите здравјето на луѓето, вработените, граѓаните, а и навреме да ги прочитате водомерите. Водомерите со радио модул даваат можност за далечинско отчитување и навремено отчитување, континуирано на состојбите на водомерите на граѓаните. Имаше околу 300 инсталирани дигитални водомери, во овој момент се околу 1.700, а оваа година планираме да инсталираме околу 1.000 со што би инсталирале околу 3.000 дигитални водомери за 4 години. Не оставате простор за манипулација, на пример доколку го извадите водомерот и го завртите кога поминува читачот кажува овој водомер исчитал 30 кубици во еден правец и околу 12 во спротивен правец. Не се намалило од 30 на 18, туку покажува дека се потрошени 42, нема можност да го вадите водомерот, бидејќи на софтверот дава грешка, па вашите екипи можат да појдат да видат зошто вашиот водомер е вон функција, дали нешто се случило со водомерот или вие го манипулирате.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи