Согласно вчерашната одлуката на Владата, министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција кажува дека се работи на решение за државни карантини за лицата што доаѓаат од африканскиот континент.
„Тогаш кога не работеа хотелите ги користевме тие капацитети, меѓутоа во рамките на слободните државни капацитети верувам дека ќе се најде место. Една од опциите беше Домот во Демир Капија и беше сосема солидно место за сместување. За брзо ќе се најде такво решение. Во смисла на некакви дополнителни мерки во дел на границите засега не размислуваме“, изјави Филипче.
![](https://infokompas.com.mk//wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)