Текстилците најавуваат отпуштања до 20% ако не добијат поддршка за плати

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Вчера беше последниот ден за исплата на февруарските плати, според Законот за работни односи. Но работниците кои чекаат државна помош останаа со празни паричници.

Законите за субвенции на плати сè уште не се изгласани во Собранието и според планот, ќе стигнат пред пратениците дури на 23 март. Текстилната и кожарската индустрија ги повикаа пратениците, да заборават на партиските интереси и  поскоро да ги донесат мерките зашто во спротивно се најавуваат нови отпуштања.

„Со оглед дека веќе се доцни, компаниите до 15 март мораа да ги исплатат платите, неопходно е во овој Закон да се предвидат одредби со кои би се одложиле роковите за поднесување на барањата за финансиска помош и за поднесување исправка на образецот за февруари. Уште еднаш ги повикувам пратениците, за вакви прашања каде што не смее да има партиски интереси, заедно да ги донесат мерките кои се од интерес за граѓаните“, рече Димитров, претседателот на Здружението на текстилна и кожарска индустрија при Стопанската комора на Македонија.

Три илјади луѓе поранешни вработени во текстилната индустрија останале без работа во текот на минатата година, а уште на околу 20% од нив им се закануваат отпуштања, вели Димитров. Домашните фабрики или не работат или работат со намален капацитет, а во претстојниот период компаниите очекуваат пад на продажбата за 50%.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи