Загрижува фактот што во некои градови каде состојбата со корона вирусот беше под контрола, во изминатите неколку месеци значително се влоши, но нема потреба за посилни рестрикции. Ова е денешната одлука на Комисијата за заразни болести, која ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.
„Се наоѓаме во екот на третиот бран, за еден месец бројката е зголемена за 5 илјади заразени. Во болниците има околу 1.100 пополнети болнички места, притисокот во Скпје беше навистина голем. Според анализите, треба да остане оваа мерка и таа ќе даде резултати за 4-5 дена“, кажа Филипче.
Иако некои градови побараа полицискиот час да започне од 19 часот, сепак, Филипче смета дека мерката рестрикциите да започнат од 22 часот е доволна.