Разрешен директорот на струшката болница и формирана нова комисија за анализа на случајот со родилката Веапоска

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Директорот на струшката болница ќе биде разрешен од функцијата поради случајот со родилката веапоска на која и беа извадени органи, денес или утре ќе биде именуван нов директор и ќе биде формирана нова Комисија за анализа на случајот. Ова го изјави министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

„За случајот со родилката во Дебар, вчера донесов одлука за формирање на нова Комисија, тоа е законска можност. Првата комисија беше формирана од МЗ преку Лекарската комора, но со оглед на неколку интервенции прво од семејството на родилката, но и од неколку институции (Хелсиншки комитет), новата комисија ќе ја водат директорите на КАРИЛ, Урологија, Гинекологија и ќе треба да направат анализа на случајот. Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница и нов ќе се назначи во текот на денешниот или утрешниот ден“ , вели Филипче.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира