Како ќе се полага државната матура во училиштата на 5ти јуни

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Полагањето за државната матура ќе почне на 5 јуни. Министерството за образование и наука го објави Протоколот за постапување на средните училишта при реализација на испитите од државната матура за учебната 2020/2021 година.

  • Во средните училишта во кои се реализира државната матура потребно е да бидат обезбедени санитарно-хигиенски услови.

  • Средствата за дезинфекција да се постават пред училиштето и да се врши задолжителна дезинфекција на рацете на сите ученици и сите инволвирани во реализацијата на државната матура пред да влезат во училиштето.

  • При влегување во училиштето да се врши мерење на температурата на секој ученик и секој инволвиран во реализацијата на државната матура, како и дезинфекција на рацете.

  • Сите учесници во реализацијата на државната матура (ученици, тестатори, набљудувачи и членови на училишните матурски комисии, редари, хигеничари) задолжително да носат заштитна маска на денот на испитите, за цело времетраење на истите.

  • Учениците, согласно утврден распоред, влегуваат во училниците во периодот од 9.15 до 10.00 часот.

  • Учениците задолжително да носат документ за лична идентификација и прибор за пишување.

  • Да се означат влезовите за влез и излез од местото каде што ќе се одржува полагањето, како и патеки за еднонасочно движење, со поставени ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и во училиштето.

  • Да има организирана редарска служба во училиштето, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метра пред влегувањето и внатре во училиштето, и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.

  • Да биде организиран просторот во училниците, со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метра со присуство на максимум 15 кандидати во една просторија. Задолжително да се врши дезинфекција на клупите и столчињата во просториите каде што ќе се врши полагањето на учениците, со дезинфекциско средство кое дејствува на вируси според упатство од производителот.

  • Просториите во кои се реализира државната матура, пред почеток на испитите, се проветруваат или доколку овозможуваат временските услови, се остава отворен прозорец.

  • По завршување на полагањето учениците да го напуштат просторот движејќи се по означените насоки на движење.

  • Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциски средства.

  • На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое дејствува на вируси според упатство од производителот. Алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

  • Освен овој протокол, важи и Протоколот за постапување на средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година, со напомена за строго почитување на пропишаните превентивни мерки.

  • Организаторите на полагањето на државната матура ќе сносат полна одговорност за контрола и правилно спроведување на протоколните мерки.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира